Дома Фудбал Роналдо има големи планови – ќе се кандидира за прв човек на бразилскиот фудбал

Роналдо има големи планови – ќе се кандидира за прв човек на бразилскиот фудбал

Роналдо Назарио најави дека ќе се кандидира за претседател на Бразилската Фудбалска Федерација. Изборите ќе се одржат следната година или на почетокот на 2026 година.

Роналдо тврди дека ќе патува низ Бразил со цел да спроведе кампања и да го промени фудбалот во својата земја. Исто така, откри дека се надева на брзо завршување на продажбата на Валјадолид, шпанскиот клуб чиј сопственик е веќе неколку години.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


„Многу брзо преговараме за можната продажба и мораме да го затвориме оваа операција. Тоа нема да биде пречка за мојата кандидатура”, изјави легендарниот напаѓач.

Со отворениот изборен процес за претседател на бразилскиот фудбал, Роналдо ја претставува својата кандидатура како наследник на Едналдо Родригес.

„Со оваа објава испраќам порака до челниците на федерацијата и клубовите. Јас сум кандидат за претседател на бразилскиот фудбал. Имам неверојатни планови и пред да гласате, би сакал да имам лични разговори со секого од нив. Ќе отпатувам во Бразил поради тоа”, откри Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски не му дал ниту бод на Винисиус во гласањето на ФИФА

Вечерва во Доха се одржа изборот на најдобрите во светот на фудбалот за 2024 година според…