Дома Фудбал Роналдо го напушта Ал Наср и се враќа во поранешен клуб!?

Роналдо го напушта Ал Наср и се враќа во поранешен клуб!?

Легендарниот Португалец Кристијано Роналдо (39) од 1 јануари може да преговара со кого сака. Влезе во последните шест месеци од договорот со Ал Наср, а медиуми како шпанската „Марка“ велат дека постои можност по две години Роналдо да ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија.

Роналдо стигна во Саудиска Арабија од Англија, откако на лош начин се раздели со Манчестер Јунајтед, а „Марка“ спомнува дека пред неговиот 40-ти роденден би сакале да го донесат клубови од американската МЛС, но засега не е прецизирано кои. Исто така, страницата „Трансфермаркт“ дава околу 60 отсто можност Португалецот да се врати во својот матичен клуб, Спортинг.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Роналдо сака да биде првиот фудбалер во историјата што постигнал 1,000 голови во официјални натпревари. Тоа е една негова цел, додека вториот сон е тој што оваа година го оствари Леброн Џејмс, а тоа е да игра со својот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез во акција: Реал Мадрид синоќа загуби, но пронајде големо засилување?

Реал Мадрид синоќа си создаде тежок предизвик за реваншот, но изгледа дека Кралевите „случ…