Дома Фудбал Роналдо ја продолжи голгетерската серија – го делат 83 погодоци од златната 1.000 (Видео)

Роналдо ја продолжи голгетерската серија – го делат 83 погодоци од златната 1.000 (Видео)

Кристијано Роналдо погоди во својот прв натпревар во 2025 година. Напаѓачот на Ал Наср реализираше пенал во 42. минута од натпреварот од 14. коло на првенството на Саудиска Арабија против Ал Охдуд – 2:1.

Португалецот го постигна својот 917. гол во кариерата. За клубови има дадено 782, а за репрезентацијата на Португалија е светски рекордер со 135 погодоци.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од 15 ноември, Португалецот кој на 5 февруари ќе наполни 40 години, одигра шест натпревари за клуб и репрезентација и секоја беше стрелец. Во тие шест натпревари даде девет гола, во три погодуваше по двапати.

Тој против Ал Охдуд го постигна својот 171. гол од пенал од 202 изведени, додека Лионел Меси од пенал даде 109 гола од 140 изведени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мореска може да добие големо засилување пред мечот со Астон Вила

Лајам Делап, играч на Челзи, повторно се приклучи на тренинзите со првиот тим, што значи д…