Дома Фудбал Романо откри дали Витиња се сели во Реал Мадрид

Романо откри дали Витиња се сели во Реал Мадрид

Познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо ги демантираше шпекулациите кои во последните денови кружат во медиумите околу можен трансфер на Витиња во Реал Мадрид.

Романо преку своите канали јасно истакна дека сите информации за договор меѓу шпанскиот гигант и португалскиот репрезентативец се целосно неточни и дека таков трансфер не е воопшто во план.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во изминатиот период повеќе медиуми објавија дека Реал Мадрид наводно е заинтересиран за ангажман на играчот на ПСЖ, но според најверодостојниот извор за трансфер вести, станува збор за лажни гласини без никаква основа.

Со оваа потврда, се става крај на шпекулациите, а Витиња останува дел од проектот на Пари Сен Жермен, барем засега.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандскиот голман на 43 години смени клуб

Поранешниот голман на Ајакс, Ремко Пасвер кариерата ќе ја продолжи во Хераклес. Искусниот …