Во интервјуто за весникот „АС“, Родри му возврати на Кристијано Роналдо по неговата критика на сметка на доделувањето на Златната топка за 2024 година. Португалецот, петкратен добитник на наградата, го оцени изборот на Шпанецот како „неправеден“ во однос на Винисиус.
Откако ја доби Златната топка на 28 октомври, Родри не даде интервју без да мора да ги оправдува своите заслуги за оваа престижна награда.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Во интервјуто за „АС“, играчот од средниот ред на Манчестер Сити беше прашан за неодамнешните критики на Кристијано Роналдо, кој кажа дека би ја доделил наградата на Винисиус.
🗞️ Aquí está la #PortadAS del 2 de enero
— AS Fotografía (@FotografiAS_AS) January 2, 2025
📷 “El Balón de Oro me cambió la vida”. pic.twitter.com/mcJMSHNisc
„Беше неправедно“, рече петкратниот освојувач на Златната топка.
„Златната топка му ја доделија на Родри кој исто така ја заслужи, но мислам дека требаше да му ја доделат на Винисиус, затоа што ја освои Лигата на шампионите и постигна гол во финалето“, изјави Роналдо.
Таа изјава го изненади Родри, кој „умешно“ го пецна Роналдо.
„Тоа навистина беше изненадување, затоа што тој повеќе од кој било друг знае како функционира оваа награда, и особено како се избира победникот“, рече шпанскиот интернационалец.
„Оваа година, новинарите кои гласаа сметаа дека треба да ја добијам наградата. Тие веројатно беа истите оние новинари кои во еден момент гласаа за него да победи и претпоставувам тогаш му беше во ред“, кажа Родри.
Родри моментално се опоравува од повреда на лигаментите на десното колено, а се надева дека ќе се врати на теренот на крајот од оваа сезона, и покрај првичните прогнози дека за него сезоната е завршена.