
Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во историјата на Премиер лигата, во текот на својата кариера се соочуваше со врвни светски напаѓачи како Тиери Анри, Дидиер Дрогба и Алан Ширер. Но, на прашањето со кој напаѓач од денешниот фудбал би имал најмногу маки, неговиот одговор ги изненади многумина, бидејќи не ги спомена очекуваните имиња како Ерлинг Халанд или Александер Исаак.
Во современиот фудбал често се зборува за недостигот на класични ‘деветки’ со светска класа, а во англиската елита, како ретки примери се истакнуваат Халанд и Исаак. Сепак, поранешниот стопер на „Црвените ѓаволи“ одбра неочекуван играч за кого смета дека би му правел најмногу проблеми.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Гостувајќи во емисијата „20 прашања“ на YouTube каналот на ESPN, Фердинанд доби задача да именува еден напаѓач од денешната Премиер лига кој би му правел најмногу главоболки. Наместо очекуваните ѕвезди, тој го пофали напаѓачот на Кристал Палас, Жан-Филијп Матета.
„Знаете кој би бил тежок за играње? Матета. Едноставно затоа што е физички силен, голем, моќен. Малку непредвидлив. Ме потсетува на Кевин Дејвис. Не може целосно да се предвиди. Предвидељен бидејќи е физички доминантен, но ќе ви пристапи од различни агли и едноставно би ви го отежнувал играњето“, изјави Фердинанд.
Матета, кој во дуелите против Манчестер Јунајтед има три гола и три победи во седум натпревари, доживеа вистинска трансформација со пристигнувањето на тренерот Оливер Гласнер на чело на Кристал Палас. На почетокот од кариерата во лондонскиот клуб, и покрај посветеноста и вложувањето на теренот, имаше проблеми со реализацијата.
Французинот дојде во клубот во јануари 2021 година како позајмен играч, а една година подоцна потпиша траен договор. Во првите две и пол сезони постигна скромни 12 гола. Под водство на поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт, Матета експлодира, постигнувајќи 32 гола во 64 натпревари, што е просек од еден гол на секои два натпревари.
Одличните настапи го донесоа до репрезентацијата на Франција за Олимписките игри 2024 година и привлече интерес од големи клубови како Манчестер Јунајтед, Арсенал и други европски гиганти.