Дома Фудбал Револуција во Премиер лигата: Судиите од наредната сезона ќе имаат нова задача

Револуција во Премиер лигата: Судиите од наредната сезона ќе имаат нова задача

Главните судии на натпреварите од англиското фудбалско натпреварување Премиер лигата од следната сезона ќе и’ ги соопштуваат на публиката на стадионот своите одлуки преку микрофон, по прегледување на снимката со помош на ВАР технологијата.

Оваа процедура во моментов се тестира на натпреварите од полуфиналето на оваа сезона на Лига купот, а првото соопштување стигна за време на првиот натпревар од двомечот помеѓу Тотенхем и Ливерпул, кога голот на клубот од Лондон беше поништен поради офсајд.


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Главниот директор на фудбалот во Премиер лигата, Тони Сколнс изјави на новинарите дека оваа процедура ќе се користи и за време на лигашките натпревари.

Полуавтоматизираната технологија за офсајд би можела да биде употребена во Премиер лигата уште порано, пред крајот на оваа сезона.

Првично, технологијата требаше да биде имплементирана по една репрезентативна пауза во текот на првиот дел од сезоната, но тоа беше одложено поради проблеми за време на тестирањето. Сколнс рече дека постигнат е напредок во текот на изминатите недели.

“Веруваме дека ова е најпрецизниот систем. Морам да признам, имајќи ги предвид тешкотиите кои ги имавме во текот на првите неколку месеци од сезоната, бев исклучително сомничав, но напредокот што беше постигнат во изминатите четири до шест недели беше значаен”, изјави Сколнс.

Сколнс додаде дека имплементацијата на технологијата со само неколку натпревари до крајот на сезоната не би претставувала проблем во однос на интегритетот.

Функционерите на лигата сметаат дека ова би го скратило времето кое е потребно за проверка дали имаше офсајд за во просек 31 секунда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Феликс го „запали“ Сан Сиро на дебито🎥

Милан вечерва игра протов Рома во четвртфиналето од Купот, а на „Сан Сиро“ дебитираа новит…