Дома Фудбал Решавачкиот пенал на Имобиле го нокаутира Интер и ја испрати Болоња во финале

Решавачкиот пенал на Имобиле го нокаутира Интер и ја испрати Болоња во финале

Болоња е вториот финалист во турнирот за Суперкупот на Италија! Ова стана факт, откако Болоња го совлада Интер со 4:3 при 1:1 во регуларното време и 3:2 на пенали.

Симболичните гости го шокираа противникот со раниот гол на Маркјус Тирам (2′), кој пристигна уште при првата нивна акција на натпреварот. Кон крајот на првото полувреме “нераѕурите” самите си предизвикаа проблеми и по игра во казнениот простор на Јан Бисек главниот судија Даниеле Чифи досуди пенал, кој го реализираше Рикардо Орсолини (35′), за да го израмни резултатот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


При изведувањето на пеналите станавме сведоци на многу пропуштени удари, шест последователни шутеви не завршија во мрежата. Тоа се случи при изведбите на Алесандро Бастони, Никола Моро, Никола Барела, Хуан Миранда и Анже-Јоан Бони. Головите за победниците ги постигнаа Рис Фергусон, Џонатан Роу и Чиро Имобиле, а интригата за Интер ја одржуваа погодоците на Лаутаро Мартинес и Стефан де Фрај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ханзи Флик не брза да потпише нов договор со Барселона

Главниот тренер на Барселона, Ханзи Флик, засега не покажува желба за долгорочна обврска с…