Дома Фудбал Реал врши притисок врз судиите, но реакцијата на Атлетико предизвика голем гнев во Мадрид

Реал врши притисок врз судиите, но реакцијата на Атлетико предизвика голем гнев во Мадрид

Во шпанската Ла Лига се случува голема драма, особено по поразот на Реал Мадрид во минатото коло од Еспањол со резултат 1:0, и тој натпревар предизвика многу негодување меѓу кралевите.

Од мадридскиот клуб сметаат дека судиите ја одредиле насоката на тој натпревар и започна притисок врз судиската организација.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Медиумите кои се наклонети кон Реал Мадрид, како и одредени политички фигури, извршуваа притисок врз судиите во Шпанија во изминатите денови.

Целата приказна не ја остави рамнодушна ни Атлетико Мадрид, кој гостува кај Реал во 23. коло на Ла Лига.

Таа средба е многу важна за двата клуба. Реал моментално е лидер со 49 поени, Атлетико има 48, а во игра се врати и третопласираната Барселона со 45 освоени поени.

Градското дерби веќе доби одредени тензии и пред самиот почеток, а од Атлетико изразија јавна поддршка кон судиите кои се под притисок последниве денови.

„Сакаме да изразиме полна поддршка и солидарност со судиските тимови, нивните семејства и пријатели. Ова се многу тешки денови за фудбалското семејство. Многу храброст“ порачаа од Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малдини откако Модриќ го нападна Винисиус: Претходно не беше ваков

На натпреварот помеѓу Леганес и Реал Мадрид (2:3) во Купот на кралот видовме ситуација кој…