Реал Мадрид има сериозни проблеми со повредени фудбалери и примарна цел ќе биде засилување на одбраната.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид го означил стоперот на Арсенал, Вилијам Салиба како примарна трансфер цел за следното лето.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Салиба веќе две сезони игра фантастично во дресот на Арсенал и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата.
Французинот неодамна стави потпис на договор до 2027 година, но Флорентино Перез нема да жали пари да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.
Real Madrid are keen to sign 23-year-old Arsenal centre-back William Saliba in the summer. pic.twitter.com/Y0PXnbDeNI
— Transfer News (@TransfersLlVE) January 17, 2025