
Реал Мадрид вчера го победи Леганес и остана во трка за шампион на Шпанија. Во Лигата на шампионите ги очекува двомеч со Арсенал.
Од клупата ги предводи трофејниот тренер Карло Анчелоти. Овие денови Италијанецот се споменува како можен нов селектор на Бразил на местото на Фернандо Диниз кој беше привремено решение.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Доколку тоа се случи, испразнетото место на клупата на Мадрид би му го понудиле на Јирген Клоп.
Германскиот тренер го напушти Ливерпул и сега работи во Ред Бул групацијата како еден од директорите. Во својата кариера го предводеше и Борусија Дортмунд, со која освои Бундеслигата. Се профилираше во Мајнц каде што започна да гради своја репутација од 2001 до 2008 година како шеф на струката.
Сега има освоено бројни трофеи, а малку се шансите да се врати на тренерската работа.