Дома Фудбал Реал продолжува со борбата: Перез нема да присуствува на состанокот со Лигата

Реал продолжува со борбата: Перез нема да присуствува на состанокот со Лигата

Реал Мадрид продолжува со борбата против Судиската комисија по минатонеделната контроверзија во дуелот со Еспањол, по што кралскиот клуб поднесе жалба за судењето. Овојпат, Флорентино Перез одлучи да испрати дополнителна порака.

Покрај жалбата за судењето, Реал испрати и допис до Фудбалската федерација на Шпанија, во кој Судиската организација ја нарече корумпирана.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


И во бранот на гнев кон институциите, Реал реши да бојкотира сè. Реал нема да присуствува на состанокот кој е закажан за четврток, а на кој ќе бидат претставниците од сите клубови на Ла Лига и Сегунда, како и претставниците на CTA и федерацијата.

Состаноците ги организира федерацијата и тоа е пионирски обид сите актери да се посветат на актуелните проблеми во шпанскиот фудбал. Пред три недели, кога беше закажан состанокот, Реал беше меѓу првите што го потврдија присуството.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, во федерацијата се збунети со одлуката на Реал да не се појави на состанокот, бидејќи главната идеја на состанокот е токму да се даде можност на клубовите да укажат на проблемите. CTA ќе биде на состанокот бидејќи од повеќе страни, во повеќе наврати, беа укажани на грешки на судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендата за Модриќ: Во Италија може да игра и со цигара во устата

Италијанските медиуми последниве неколку дена посветија големо внимание на доаѓањето на Лу…