Дома Фудбал Реал на раскрсница, џокер што ја полни касата или проект за иднината?

Реал на раскрсница, џокер што ја полни касата или проект за иднината?

Арда Гулер од сезона во сезона добива сѐ поголема можност во Реал Мадрид, но талентираниот Турчин никако да се избори за свое место меѓу стартните 11.

Оваа сезона има запишано 29 настапи во сите натпреварувања, но обично влегувајќи од клупата што не го спречи да постигне три гола и запише пет асистенции.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Гулер со својата игра привлече внимание на германски клубови, па така медиумите таму пишуваат дека за офанзивниот играч за врска се заинтересирани Ајнтрахт од Франкфурт и Лајпциг.

И додека „Биковите“ се расположени да го земат Турчинот на позајмица следната сезона, Ајнтрахт би сакал да го откупи неговиот договор од Реал, за што ќе биде потребно многу повеќе од 20.000.000 евра, колку што „Кралскиот клуб“ плати на Фенер пред две лета.

Младиот офанзивен играч за врска во неколку наврати изрази благо незадоволство поради нешто поскромната минутажа, но земајќи ја предвид конкуренцијата во тимот, тешко е да се избори за нешто повеќе.

Договорот на Гулер со Реал е на сила до летото 2029 година, според процената на Transfermarkt неговата вредност е 45.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба одбил трансфер во Русија, мисли дека уште може да игра на врвно ниво

Се чинеше дека неговата кариера е завршена кога беше суспендиран на четири години поради н…