Реал Мадрид стапи во контакт со репрезентативецот на Баерн, Џошуа Kимиќ (29), на кого на 30-ти јуни оваа година му истекува договорот со баварскиот клуб, објавија британските медиуми во петокот.
Островските медиуми се повикуваат на новинарот на германскиот Билд, Kристијан Фалк, одличен познавач на фудбалските случувања во Бундеслигата. Тој ја објави оваа информација на една социјална мрежа, со напомена дека Kимих сигурно ќе му даде шанса на раководството на Бајерн да го убедат да остане во клубот, но дека Реал веројатно би бил првиот избор на Kимиќ во случај да си замине од Бајерн.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Иако 39-годишниот Лука Модриќ уште е фигура што прави разлика на теренот, во Реал се свесни дека се ближи денот кога ќе треба да му најдат замена, а Kимих е идеален кандидат за таа улога.
Kимих пристигна во Бајерн во јули 2015-та од Штутгарт. Во клубот од Минхен започна како офанзивен десен бек, а подоцна премина на позицијата дефанзивен плејмејкер. На двете позиции пружаше одлични партии.
Во февруари ќе го прослави 30-тиот роденден, а последен пат го продолжи договорот со Баерн во август 2021-ва. Во најбогатиот германски клуб заработува околу 20 милиони евра годишно.