
Реал Мадрид имаше големи проблеми со повредите оваа сезона. Само четворица фудбалери не претрпеа вакви проблеми, еден од нив е Лука Модриќ, додека останатите се млади фудбалери.
Реал Мадрид моментално се бори за домашните трофеи, но по елиминацијата од Арсенал во четвртфиналето на Лигата на шампионите, сезоната за „Кралскиот клуб“ лесно би можела да заврши без ниедна голема награда.
Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓
Една од клучните причини за послабите резултати се бројните повреди на играчите, кои значително го нарушија континуитетот на тимот во текот на целата сезона. На ова посвети внимание и позната навивачка страница „Мадрид ИксТра“, која објави преглед на играчите кои успеале да останат без повреди – и бројките се изненадувачки.
Според нивните податоци, само четворица фудбалери на Реал не претрпеа ниту една повреда во текот на сезоната:
- Раул Асенсио (22) – стопер
- Арда Гулер (20) – играч од средината
- Ендрик (18) – напаѓач
- Лука Модриќ (39) – капитен на тимот
Интересно е што тројца од четворицата се исклучително млади играчи, додека четвртиот – ветеран Лука Модриќ – е на крајот од кариерата, но и натаму импресионира со дисциплината и професионализмот.