Дома Фудбал Реал Мадрид ќе се збогува со една од легендите идното лето

Реал Мадрид ќе се збогува со една од легендите идното лето

Раководството на Реал Мадрид веќе ја прифатило можноста дека искусниот десен бек Дани Карвахал ќе го напушти клубот по завршувањето на актуелната сезона, пренесува шпанска „Марка“.

Според истите извори, во Мадрид сметаат дека дојде време за нова фаза и постепена реконструкција на тимот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Карвахал, кој долги години беше стандарден првотимец и еден од капитените на „кралскиот клуб“, остави длабока трага на „Сантијаго Бернабеу“. Тој освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи титули во Ла Лига и Лигата на шампионите, и важеше за еден од најконстантните играчи на својата позиција во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвезда на Барселона конечно проговори за тешката животна борба

Роналд Араухо, еден од клучните дефанзивци на Барселона, првпат отворено зборуваше за тешк…