Дома Фудбал Реал Мадрид има „план Б“ – испрати понуда за Хрват

Реал Мадрид има „план Б“ – испрати понуда за Хрват

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид испрати официјална понуда до Осасуна за хрватскиот напаѓач Анте Будимир, јавуваат шпанските медиуми.

„Кралскиот клуб“ минатата сезона немаше играч од профилот на Хоселу, а токму тоа го гледаат во 33-годишниот играч.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Како што пишува „Спорт“, понудата пристигнала во Памплона – на играчот му се нудат три милиони годишно, а за обештетувањето сè уште ќе се преговара. Будимир има излезна клаузула во висина од осум милиони евра, па останува да се види дали тоа ќе биде конечниот износ.

Покрај парите, во спротивен правец би можел на позајмица да оди и некој од развојниот тим на Реал.

Освен Реал, интерес за Будимир покажале и Бетис, Реал Сосиедад, Рома и Јувентус, но мадридскиот клуб е фаворит.

Будимир минатата сезона стана најдобар стрелец во историјата на Осасуна во шпанското првенство. Тој одигра 42 натпревари и постигна 24 голови во сите натпреварувања.

Само Килијан Мбапе и Роберт Левандовски го надминаа неговиот учинок од 21 гол во шампионатот – 44 отсто од сите што ги постигна Осасуна.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ги остави проблемите зад себе и го совлада Реал и покрај херојските потези на Куртоа

Ливерпул одигра силен меч и покажа дека можеби го надминува тешкиот период, откако го побе…