Дома Фудбал Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ во битка за тинејџерот кој постигна спектакуларен гол во Суперкласико (Видео)

Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ во битка за тинејџерот кој постигна спектакуларен гол во Суперкласико (Видео)

Ривер во неделата победи против Бока 2:1 во 15. коло на Апертура. Најголемото аргентинско дерби го одбележа одличниот среден играч на Ривер, Франко Мастантуоно, кој во 26. минута постигна прекрасен гол од слободен удар. Станува збор за 17-годишник кој го следат европските гиганти и кој наскоро би требало да се појави во некој европски клуб.

Бока израмни во 39. минута со голот на Мерентиел, а за победата на Ривер се погрижи Дриуси во 45. минута. Мастантуоно оваа сезона има 13 настапи, четири голови и две асистенции, а Трансфермаркт го проценува на 15 милиони евра. Договорот со Ривер му трае до крајот на декември 2026 година, па веќе се шпекулира каде би можел да заврши.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Реал Мадрид и Барселона веќе контактирале со менаџерската агенција што го претставува младиот Аргентинец со италијанско потекло, а вестите со нетрпение ги очекуваат и англиските гиганти Манчестер Сити, Ливерпул, Челси и Арсенал. Во игра е и ПСЖ. Британските медиуми тврдат дека „црвените“ се најупорни и дека на речиси сите натпревари на Ривер и на аргентинската репрезентација до 20 години, нивните скаути го следат младиот фудбалер.

Левоногиот Мастантуоно главно игра класичен плејмејкер, но е одлилен и како десно крило. Експертите го посочуваат неговиот дриблинг, магичниот поглед на играта за едно 17-годишно момче и одличниот удар. Се восхитуваат на неговите прецизни слободни удари, а ако повеќе игра како десно крило, му предвидуваат блескава голгетерска иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан ќе потпише договор до 2029 година со еден од најдобрите фудбалери

Италијанскиот гигант Милан постигнал договор со американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ за …