
Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува потенцијал, но младиот талент Ендрик Фелипе Мореира се наоѓа во несигурна позиција. Иако минатото лето беше донесен од Палмеирас за 47,5 милиони евра, Бразилецот наскоро може да заврши во Јувентус.
Под тренерството на Карло Анчелоти, Ендрик одигра само 847 минути во 37 натпревари, постигнувајќи седум голови. Се очекуваше дека со доаѓањето на Алонсо ќе има поголем простор, но ситуацијата би можела да биде поинаква.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Тој моментално се опоравува од повреда на мускулите, па Ендрик ќе учествува во подготовките и можеби ќе настапува само во пријателските натпревари на крајот од подготвителниот период. Во меѓувреме, Гонзало Гарсија покажува одлична игра во нападот, а Алонсо сериозно ја разгледува можноста да го постави како главна ‘деветка’.
Италијанскиот Јувентус внимателно ја следи ситуацијата. Според пишувањето на Тутоспорт, Јувентус изрази сериозен интерес за Ендрик и подготвен е да преземе конкретни чекори ако Реал Мадрид одлучи да го пушти младиот напаѓач.
Иако за Ендрик беше платено речиси 50 милиони евра, неговата моментална пазарна вредност паднала на 35 милиони. Крајната одлука за неговата иднина ќе ја донесе Чаби Алонсо.