
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид денес го претстави составот од 34 играчи за претстојното Светско клупско првенство, во кој се вклучени и новите засилувања на Мадриѓаните – Трент Александер-Арнолд и Дин Хојсен.
Светското клупско првенство ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули во САД.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, младиот шпански стопер Хојсен и повратникот Дани Карвахал се наоѓаат на списокот што го објави новиот тренер на Реал, Чаби Алонсо.
На списокот се и најголемите ѕвезди на тимот Килијан Мбапе, Винисиус Жуниор и Жуд Белингем.
Во составот се вклучени и играчи кои моментално се повредени, меѓу кои се француските репрезентативци Орелиен Чуамени, Едуардо Камавинга и Ферлан Менди, како и Уругваецот Федерико Валверде.
Реал Мадрид, кој изминатава сезона ја заврши без големи трофеи, ќе го започне натпреварувањето на премиерното издание на Светското клупско првенство со 32 екипи на 18 јуни против саудискиот Ал Хилал.
Оваа средба ќе биде и деби настап за Чаби Алонсо на клупата на Реал, откако тимот го превзеде од Карло Анчелоти.