Дома Фудбал Реал ја доби првата рунда, Арсенал без милост

Реал ја доби првата рунда, Арсенал без милост

Во првиот натпревар, Реал извојува минимална предност против Атлетико со 2:1, додека Арсенал постигна 7 гола против ПСВ.

Федерико Валверде во четвртата минута од натпреварот мајсторски го упати додавањето до Родриго, кој со прецизен шут го надмудри Јан Облак.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Атлетико возврати со исклучителниот гол на Алварез во 32-та минута, но конечниот резултат 2:1 го постави Брахим Дијаз.

Арсенал, играјќи на гостински терен, го реши натпреварот уште во првото соочување. Тимбер го отвори резултатот во 18-та минута, додека Нванери ја зголеми предноста на 2-0 три минути подоцна. Во 31-та минута, Мерино погоди за 3-0.

Ланг се покажа сигурен од белата точка и намали на 1-3, резултат со кој заврши првото полувреме. Во вториот дел, Арсенал постигна четири гола, затворајќи го натпреварот со недостижни 1:7.

Во натпреварот помеѓу Борусија Дортмунд и Лил немаше победник, завршувајќи 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо ќе води тим за паметење – Реал веќе има договор со уште една ѕвезда!

Реал Мадрид создава тим кој во наредните години повторно ќе доминира во шпанскиот и европс…