
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас откри детали за својата моментална улога во редовите на Наполи, нагласувајќи дека секогаш е подготвен да одговори на барањата на тренерот Антонио Конте, без оглед на тоа на која позиција ќе биде поставен.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Елмас истакна дека најмногу ужива кога настапува како плејмејкер, но тоа, како што вели, не го спречува да даде максимум и на други места во формацијата.
„Моја природна позиција е плејмејкер, но секогаш сум спремен да играм таму каде што му треба на тимот. Навивачите не секогаш сфаќаат колку е тешко кога не настапуваш на местото што најмногу ти одговара, но мојата цел е секогаш да го дадам најдоброто за Наполи“, изјави Елмас.
Македонецот беше стартер и го одигра целиот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт (0-0), а во второто полувреме имаше извонредна можност да го донесе својот тим во водство, но неговиот удар го одбрани голманот на германскиот состав.