Дома Фудбал Разочарување за Роналдо, се откажа од големата желба

Разочарување за Роналдо, се откажа од големата желба

Легендата на фудбалот, Роналдо, се откажа од кандидатурата за претседател на Фудбалската федерација на Бразил.

Главната причина за откажувањето е тоа што му недостига поддршка од локалните фудбалски функционери за да се спротивстави на актуелниот претседател, Едналдо Родригес.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Се очекува изборите да траат од март оваа година до март следната година, кога на Родригес му истекува мандатот.

Роналдо му беше потребна поддршка од најмалку четири федерации за да се кандидира.

“Федерациите одбија да ме примат во нивните седишта, тврдејќи дека се задоволни со сегашното раководство и дека ја поддржуваат кампањата на Родригес за реизбор. Не успеав да го претставам мојот проект, да ги споделам моите идеи и да ги слушнам како што посакував. Нема простор за дијалог. Јасно е дека немам шанси да се кандидирам. Повеќето федерални функционери го поддржуваат сегашниот претседател, тоа е нивно право и го почитувам тоа без оглед на моите убедувања“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

Родригес беше сменет во декември 2023 година поради неправилности во изборниот процес, но еден месец подоцна Врховниот суд на Бразил ја поништи таа одлука.

Бразил го води Доривал Жуниор, а во квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка се на петтото место со 18 поени по 12 одиграни натпревари.

Првите шест репрезентации ќе обезбедат директно учество на Светското првенство 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Тоти, пораките во телефонот на твојата сопруга се мои“: Откриени нови детали од неверството

Франческо Тоти е еден од најголемите фудбалери во италијанската и европската историја, но …