
Со заемното раскинување на договорот, потпишано од Дивок Ориги, конечнo исчезнува од сцената трагичната трансферна политика на Милан во однос на дојдовните зделки за сезоната 2022/23 – и летно, и јануарско.
Од сите фудбалери кои дојдоа за време на тие два трансфер периода, веќе нема ниту еден во тимот. Дури ни тие што се вратија од наем. Целосно прочистување кое не останува незабележано, имајќи во предвид дека поминаа само три години, забележува во својата анализа “Гадзета дело спорт”.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Без сомнение, најемблематскиот случај на разлика меѓу очекувањата и реалниот придонес е оној на Шарл де Кетеларе. Милан го помина летото пред три години во упорен обид да го добие белгиецот од Бриж, за кој на крај платија 32 милиони евра плус бонуси. Во плановите на клубот тој требаше да биде еден од најдобрите трансфери и клучна фигура околу која ќе се гради тимот. Реалноста, сепак, беше сосема поинаква: Де Кетеларе одигра 40 натпревари за Милан без ниту еден гол и само една асистенција. Како резултат, по само една сезона, тој беше даден на заем со опција за откуп на Аталанта, која потоа го купи и таму е и денес. Во тековната сезона има 4 гола и 3 асистенции во 20 натпревари (1 444 минути).