Дома Останати Ракомет Раул Алонсо: Пелистер е на вистински пат без разлика на поразот од Спортинг!

Раул Алонсо: Пелистер е на вистински пат без разлика на поразот од Спортинг!

Македонскиот ракометен шампион Пелистер претрпе пораз на гостувањето кај Спортинг Лисабон.

До крајот на групната фаза остануваат уште три натпревари, а Пелистер ќе мора да освои повеќе бодови од Висла Плок за да избори пласман во следната рунда, што нема да биде нималку лесен предизвик.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, и покрај неповолниот резултат во Португалија, тренерот Раул Алонсо е задоволен од играта на своите избраници и смета дека тимот покажал добар настап.

„Во првите 45 минути игравме рамноправно со Спортинг, но потоа не реализиравме неколку клучни шутеви, што психолошки ни влијаеше. Свесни сме дека мора да коригираме одредени сегменти во нашата игра, но верувам дека одиме во вистинска насока“, изјави стратегот на Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Апел од Охрид до навивачите: Немојте да ги провоцирате Грците!

Ракометарите на Охрид ја забележаа победата на гостувањето кај Олимпијакос со 31-25 во Ати…