
Барселона оваа сезона покажа целосна доминација во Шпанија бидејќи освои сè што можеше, но за Каталонците нема пауза затоа што подготовките за новата сезона веќе започнаа. Се очекуваат значителни промени во играчкиот кадар, и шестмина играчи на Барселона веќе се отпишани.
Ханси Флик во првата сезона на клупата на каталонскиот клуб успеа да постигне фантастичен резултат и да освои тројна круна во Шпанија, а беше многу близу до значителен успех во Лигата на шампионите со оглед на тоа што неговиот тим стигна до полуфиналето.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Иако германскиот тренер наведува дека е доста задоволен од играчкиот кадар кој го има на располагање, јасно е дека Барселона ова лето ќе игра сериозна улога на пазарот и се очекуваат промени во овој тим.
Барселона има намера да доведе неколку звучни засилувања, а приоритет е да ја засили одбраната и нападот. Единственото место каде нема да има големи промени е средината на теренот, која изгледа функционира совршено.
Секако, за да може Барселона да донесе нови засилувања, ќе мора да направи простор во играчкиот кадар, а шпанските медиуми пишуваат дека веќе е јасно на кои играчи Флик повеќе не смета.
Каталонскиот Спорт објави дека Флик веќе имал разговори со поголемиот дел од играчите бидејќи сакал да биде искрен кон оние кои и следната сезона не се во посериозните планови, и им дал совет дека најдобро е среќата да ја бараат на друго место.
На таа листа се Андреа Кристенсен, Паул Виктор, Инаки Пења, Ансу Фати, Хектор Форт и Пабло Торре. Тие оваа сезона не се наиграа, и Флик призна дека нивниот статус тешко ќе се промени ако останат во клубот.
Фото: Принтскрин