Дома Моторспорт Расел: Мерцедес преговараше со Ферстапен, но моето место е сигурно

Расел: Мерцедес преговараше со Ферстапен, но моето место е сигурно

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел изјави дека Мерцедес и понатаму преговара со актуелниот шампион на Формула 1, Макс Верстапен, но се насмеа на сугестијата дека „Сребрените стрели“ ги откриле тие разговори за да извршат притисок врз Ред Бул, нарекувајќи го тоа „сериозна теорија на заговор“.

Расел повторно ги подгреа шпекулациите за заминувањето на Верстапен од Ред Бул кога за Скај Спортс на големата награда на Австрија во јуни рече дека продолжувањето на неговиот договор се одложува поради интересот на Мерцедес за четирикратниот светски шампион.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тоа подоцна го потврди и шефот на тимот Тото Волф, велејќи дека разговорите се во тек. По следната трка во Силверстон, Кристијан Хорнер беше разрешен од позицијата шеф на тимот и извршен директор на Ред Бул, што поттикна шпекулации дека таа одлука е донесена за да се зголемат шансите на тимот од Милтон Кинс да го задржи Верстапен.

„Возам подобро отколку што сум возел некогаш. Освоив најмногу поени за тимот. Ако ги погледнете фактите, би рекле дека моето место е безбедно. Затоа не сум воопшто загрижен. Ако престанам да давам добри резултати, можеби и треба да бидам загрижен – но повеќе за своите перформанси, а не за својата иднина.“

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Корина случајно покажа во јавноста фотографија од Шумахер која досега не е видена (Фото)

Информациите за неговата состојба се објавуваат многу ретко, бидејќи семејството, предводе…