Дома Фудбал Раниери донел конечна одлука: Рома ќе бара нов тренер!

Раниери донел конечна одлука: Рома ќе бара нов тренер!

Тренерот на Рома, 73-годишниот Клаудио Раниери, по неделното реми 1:1 против Јувентус повтори дека по завршувањето на сезоната ќе замине во пензија, но овојпат засекогаш, објавија италијанските медиуми.

“По седум последователни победи во Серија А знаевме дека ќе ни биде тешко против Јуве, кој дојде со менталитетот на Тудор- решителност, борбеност и играње на вертикален фудбал. Не не изненадија, но она што го планираа го изведоа совршено на теренот. Кога конечно излеговме на површината, при крајот на првото полувреме, Локатели ни даде гол од волеј.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Кога сфаќате дека не можете да победите, важно е да не изгубите. На полувреме се реорганизиравме и успеавме да извлечеме реми”, рече Раниери, кој во второто полувреме започна со системот 4-4-2, а во игра го воведе напаѓачот Елдор Шомуродов. Узбечкиот репрезентативец по само три минути на теренот постигна гол за 1:1.

Раниери е познат во фудбалскиот свет по тоа што за време на натпреварот може да имплементира различни тактички системи – од неговиот омилен 4-4-2 на 5-3-2, или 3-4-3, или пак на 3-4-1-2 (т.н. Божиќна елка), или дури на 4-2-4. Тренерската кариера ја започна во 1986 година во нисколигашот Вигор Ламезија, додека репутацијата ја стекна во Каљари (1988.-1991.), кој го одведе од трета лига до Серија А.

Раниери резултатски ја препороди Рома, која сè уште, заедно со Аталанта, Болоња, Јувентус, Лацио и Фиорантина, се бори за останатите две места кои водат следната сезона во Лигата на шампионите (водечкиот Интер и второпласираниот Наполи малку се оддалечени).

“Кога лани завршив работа во Каљари, бев сигурен дека засекогаш ќе заминам во пензија. Стигнуваа понуди, но ги одбивав. Знаев дека можам да се вратам само ако пристигне повик од Каљари или Рома. Откако беше отпуштен Де Роси, се надевав дека ќе можам да здивнам бидејќи кормилото го презеде Иван Јуриќ. Се надевав дека повикот нема да пристигне бидејќи тоа би значело дека Рома е во проблем.

Морав да го прифатам повикот на Рома, но им кажав дека по завршувањето на сезоната заминувам во пензија – и тоа засекогаш. Како и да заврши ова мое последно патување, останувам на тоа. Поради фудбалот 35 години патував низ светот, но никогаш немав време да го видам. Пред да умрам, сакам да видам што сè има надвор од фудбалот, мислам дека тоа е праведно. Биг Бен отчукува и ми кажува дека времето истече”, изјави Раниери.

Фото: AS Roma
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се запали хотелот на Роналдо во Мароко (видео)

Според светските медиуми, хотелот „Пестана CR7“ на Кристијано Роналдо во Мароко се запали …