Дома Фудбал Раниери: Aко останам уште една година тоа би било грешка за Рома

Раниери: Aко останам уште една година тоа би било грешка за Рома

Клаудио Раниери успеа да ја издигне Рома од мртвите оваа сезона, тимот по стагнацијата дури и во долниот дел од табелата успеа да се разбуди и да се бори за Лигата на шампионите.

После победата против Верона, се доближија до четвртото место кое води во Лигата на шампионите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


“Беше тежок натпревар, очекувавме нешто слично. Верона е физички многу силен тим, не притискаат, имаат два многу брзи напаѓачи. Мораме од почетокот да бидеме ефикасни. Сите играа добро,” рече Раниери.

“Сега можеме да го прославиме Велигден,” рече тој.

Рома сега има 57 поени после победата над Верона, само два поени помалку од четвртопласираниот Јувентус.

Новинарите го прашаа Раниери дали можеби се премислил околу останувањето во Рома.

“Уште една година во Рома со мене би била грешка за Рома. Не сакам Рома да губи време,” рече тој.

Фото: AS Roma
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква искреност ретко се гледа: Бевме сра*е!

Вест Хем вчера ремизираше со тимот на Саутхемптон (1:1), а по натпреварот пред камерите за…