
Ракометната федерација на Македонија донесе нова одлука која директно ќе влијае врз изгледот на екипите во завршницата од следната сезона во Суперлигата. Според соопштението објавено денеска, во сезоната 2025/2026 клубовите ќе можат да имаат до девет странски ракометари во составот за натпреварите од плејофот и плејаутот.
Од вкупната дозволена бројка, најмногу шест странци ќе мора да имаат барем еден настап за својата национална репрезентација – без разлика дали се работи за сениорска, младинска или кадетска селекција. Преостанатите тројца ќе можат да бидат избрани по дискреција на клубовите, без никакви репрезентативни услови.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Оваа одлука, како што информираат од РФМ, е донесена по предлог на клубовите, на конференцијата одржана на 18 јуни, а со цел да се обезбеди поголема конкуренција и квалитет во завршниот дел од шампионатот.