Дома Останати Ракомет Ракометарите на Македонија постигнаа 85 гола на првата контролка во Стара Пазова

Ракометарите на Македонија постигнаа 85 гола на првата контролка во Стара Пазова

Ракометарите на Македонија ја одиграа првата контролка во Стара Пазова и избраниците на Кире Лазаров славеа над РК Нови Београд со 85:44.

Станува збор за тест натпревар во кој момците на Лазаров одиграа три полувремиња по 30 минути и така сите ракометари добија поголема минутажа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На подготовките Македонија ќе одигра уште две средби. Утре се соочуваме со Динамо Панчево, додека на 29 декември со Саудиска Арабија.

Настапот на СП, Македонија го стартува на 15 јануари, а во Вараждин ќе играме во група со: Холандија, Унгарија и Гвинеја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Одржан состанок: Македонија ќе игра во регионална лига со Србија и Црна Гора – почнува од септември!

Претставници на ракометните федерации на Србија, Македонија и Црна Гора одржаа заеднички с…