
Вчеравечер се одигра четвртфиналниот натпревар од Кралскиот куп на Саудиска Арабија помеѓу Ал Иттихад и Ал Наср.
Кристијано Роналдо и неговиот тим се збогуваа со ова натпреварување бидејќи Ал Иттихад оствари победа од 2:1.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Дека е одличен играч повторно потврди Карим Бензема кој погоди за водство на својот тим.
Ал Наср успеа да израмни, но Ал Итихад со гол на Ауар повторно поведе и на крајот победи.
До крајот на натпреварот Роналдо и неговите соиграчи создаваа шанси, но не успеаја да постигнат гол за израмнување.
Интересно е и тоа што Ал Иттихад дури од 49. минута играше со играч помалку, но ниту тоа не му помогна на Ал Наср да избегне пораз.
Многу интересно беше по вториот гол на Ал Иттихад, а во центарот на вниманието беше голманот на овој тим Предраг Рајковиќ.
Имено, тој се сврте кон навивачите на Ал Наср и реши да им покаже да “замолчат”, што не им се допадна.
Веднаш беа гаѓани со разни предмети од навивачите на Ал Наср, а набргу реагираа и редарите и обезбедувањето.
.الصربي ذا ختم المرجلة pic.twitter.com/m9wRGJfffd
— Bander Almutairi (@b__18n) October 28, 2025