Дома Фудбал Пулишиќ и Салемакерс го загрижија Милан пред натпреварите со Лацио

Пулишиќ и Салемакерс го загрижија Милан пред натпреварите со Лацио

Напаѓачот Кристијан Пулишиќ и десниот халф-бек Алексис Салемакерс денеска ја напуштија тимската тренинг-сесија на Милан поради повреди, јавуваат италијанските медиуми.

Пулишиќ има мускулна замореност, а Салемакерс има болка во грбот. Според информациите, не станува збор за сериозни физички проблеми, и ќе се следи нивната состојба секојдневно.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Токму тие двајца го изработија победничкиот гол во дербито против Интер, кога ударот на Белгиецот беше одбранет, по што Американецот постигна гол од одбиена топка. На „Росонерите“ им претстојат два натпревари против Лацио – дома во Серија “А” во сабота и гостување во следниот четврток за Купот на Италија.

Во оваа сезона, Пулишиќ има 7 гола и 2 асистенции во 10 натпревари за Милан, додека статистиката на Салемакерс е 2 погодоци и 3 асистенции во 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина поранешна фудбалерка на Арсенал и Челзи по долга и тешка болест

Ејми Кер, поранешната играчка на Челзи и Арсенал, почина на 35 години по борба со тумор. К…