На гостувањето против ПСЖ, Ливерпул оствари важен триумф, Баерн Минхен е на чекор до четвртфиналето, а Барселона успеа да победи и со играч помалку.
ПСЖ доминираше на теренот и покажа дека може да се мери со лидерот на Премиер лигата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Светците“ создадоа многу прилики, но не успеаја да го надминат брилијантниот Алисон на голот.
Нескористените шанси на ПСЖ ги искористи Ливерпул, кога Елиот во 87-та минута постигна гол за победа од 0:1.
Баерн Минхен го декласираше Леверкузен. Кејн постигна водечки гол, додека Мусијала го постигна вториот, а конечните 3:0 повторно ги постави Кејн.
Барселона, иако рано остана без еден играч на дуелот со Бенфика, сепак извојува победа. Кубарси заработи црвен картон, но Рафиња постигна победнички гол за 0:1.