
Во среда ПСЖ извојува победа во Лигата на шампионите против фаворизираната Барселона (2:1), а сега шпанските медиуми известуваат дека парижаните се заинтересирани за играч од редовите на каталонците.
Барселона го дочека ПСЖ во среда во рамките на второто коло од најелитното европско натпреварување – Лигата на шампионите.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Барса поведе во раната фаза на мечот со голот на Торес, но ПСЖ направи вистински пресврт на Монжуик до крајот на натпреварот.
Парижаните прво изедначија преку Мајулу во 38. минута, а потоа во завршницата на мечот дојдоа до целосна победа благодарение на Рамос.
На овој начин, Луис Енрике успеа да победи против својот поранешен клуб, а три дена по овој важен натпревар, шпанскиот “SPORT” доаѓа со ексклузивна вест.
Според информациите, ПСЖ има интерес за услугите на стоперот на Барселона – Ерик Гарсија.
Шпанецот има важечки договор со каталонците до 30 јуни следната година, и доколку не постигне нов договор во наредните два месеца, ПСЖ ќе тргне по него.
До сега Гарсија и Барселона немаат одржано конкретни разговори за нов договор, а парижаните внимателно ја следат оваа ситуација.
Во изминатите периоди, Гарсија беше на излезните врати на Барселона, но трансферот беше запрен во последен момент од страна на Ханси Флик.
Според истиот извор, 24-годишникот е заинтересиран за останување во редовите на актуелниот шпански шампион, но ако тоа не е возможно, ПСЖ би бил примамлива опција.
Гарсија би пристигнал на Паркот на принцовите целосно бесплатно, односно како слободен играч по истекот на неговиот договор.
Покрај Барселона, стоперот беше дел и од и Манчестер Сити, а една сезона помина и на позајмица во Жирона. За сениорската репрезентација на Шпанија досега забележа 19 натпревари.