
Францускиот гигант ПСЖ може да стане првиот европски клуб кој ќе игра во НБА лигата. Како што пишува „Ле Паризиен“, сопствениците на ПСЖ, Qatar Sports Investments, преговараат со НБА лигата за вклучување, односно проширување на американската лига во Европа. Постојат две опции – катарските инвеститори би го купиле клубот Париз и од него би направиле клуб кој ќе може да се натпреварува во НБА лигата или ќе направат сосема нов клуб со седиште во Париз.
Како што пишува „Атлетик“, шефот на НБА лигата, Адам Силвер, има на ум уште неколку европски екипи кои би биле дел од НБА лигата.
Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓
Американците тврдат дека целиот проект се одвива во согласност со ФИБА. Силвер бара клубови со големи буџети, за да ги покријат високите трошоци и да донесат приходи на НБА лигата. Овие приходи би се делеле 50-50 помеѓу НБА лигата и секој европски клуб.