Меѓу многуте гости на претседателската инаугурација на Доналд Трамп беше и првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, а во еден момент не можеше да го задржи смеењето по најавите на Трамп.
Првиот човек на ФИФА во еден момент приреди урнебесна реакција која стана вирална на социјалните мрежи, а сè откако Трамп најави дека ќе го промени името на Мексиканскиот залив во Американски залив.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Најавата на Трамп предизвика многу реакции. Реакцијата на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, како и на поранешната потпретседателка на САД Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, стана вирална на социјалните мрежи.
Но, повеќе од сите ги насмеал Џани Инфантино, кој е во континуирани разговори со организаторите на Светското првенство, како во САД, така и во Мексико, па му беше веројатно интересна најавата за промена на името на Мексиканскиот залив.
Hillary laughing at Trump announcing he’s renaming the Gulf Of Mexico to the Gulf of America 😂 pic.twitter.com/UWypR7d8vb
— Adam (@AdamJSmithGA) January 20, 2025
“Каква неверојатна чест и привилегија за ФИФА и за мене, како претседател, да ни се оддаде признание од страна на претседателот Доналд Трамп за време на неговиот говор на победничкиот собир во Вашингтон. Господине Трамп, вашата јавна поддршка, како нов претседател на САД, особено за организацијата на Светското првенство, е момент на големо почитување кон ФИФА”, напиша Инфантино по инаугурацијата.
Исто така, првиот човек на ФИФА му се заблагодари на Трамп и вети дека ќе соработува за да се обедини светот преку фудбалот во следната година кога овие северноамерикански земји ќе бидат домаќини на првенството.