Дома Фудбал Против Казахстан сме играле само еднаш и – убедливо сме победиле!

Против Казахстан сме играле само еднаш и – убедливо сме победиле!

Maкедонската фудбалска репрезентација денеска од 16:00 часот го игра натпреварот против Казахстан во кој како гости ќе ја имаме фаворитската улога.

Во денешниот натпревар ќе бидеме без Благоја Милевски на клупата кој ја одработува суспензијата поради жолти картони, па на клупата ќе биде Роберт Стојановски, неговиот прв асистент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Низ историјата досега сме одиграле само еден натпревар против Казахстан и тоа пријателски во Скопје во 2021 година во кој славевме убедлива победа од 4-0.

Сепак, денес играме на гостински терен и на вештачка трева која можеби да создава потешкотии. Стојановски на вчерашната прес-конференција истакна дека тоа нема да биде проблем за нашите фудбалери, но останува да видиме како ќе се одвиваат работите на теренот.

Македонија натпреварот го дочекува од втората позиција со пет бода по три кола со две ремија и една победа.Кзахстан има еднна победа и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конечно: Погба го постигна првиот гол за Монако! (Видео)

Пол Погба го постигна првиот погодок за Монако! Ова се случи на пријателски натпревар прот…