Дома Фудбал Пропадна трансферот на Мањан: Милан во последен момент го шокирал Челзи!

Пропадна трансферот на Мањан: Милан во последен момент го шокирал Челзи!

Долго очекуваниот трансфер на Мајк Мењан од Милан во Челзи не се оствари, според известувањето на Фабрицио Романо.

Имаше договор францускиот голман да се пресели од Сан Сиро на Стамфорд Бриџ за околу 20 милиони евра, но тој денеска пропадна бидејќи Милан побара дополнителни средства.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Денес истекува рокот за пријавување на фудбалерите за првиот дел од Светското клубско првенство, а Милан сакаше да ја искористи оваа ситуација, барајќи од Челзи повеќе пари за да го завршат трансферот.

Од Челзи соопштија дека не се подготвени да ја платат “таксата за Светското клубско првенство”, поради што решија да се откажат од потпишување на Мењан.

Според информации на Романо, Челзи нема резервна опција и во следната сезона ќе се потпира на Роберт Санчез, Џорџе Петровиќ, Филип Јоргенсен и талентираниот Мајк Пендерс како голмански решения.

Фото: АC Milan/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо: Го сакам Реал Мадрид и Арбелоа, тој беше еден од моите омилени играчи

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, зборуваше пред медиумите на интересна прес-конференција …