Дома Останати Тенис Промени на АТП: Синер пак по пет месеци е број еден во светот!

Промени на АТП: Синер пак по пет месеци е број еден во светот!

Јаник Синер го освои мастерс турнирот во Монте Карло и се врати на врвот на АТП листата.

Италијанецот во финалето на турнирот во Монте Карло го порази Шпанецот во два сета, 7:6 (7:5), 6:4, и повторно го презеде првото место на АТП листата, кое го изгуби во август минатата година по УС Опенот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Синер сега е на тронот со 13,350 поени, додека Алкараз е на второто место со само 90 помалку – 13,240, така што ќе следи возбудлива битка во продолжението на сезоната.

Јаник Синер игра одлично во последно време, ова му беше трет последователен мастерс турнир освоен во 2026 година. Пред Монте Карло ги победи и турнирите во Индијан Велс и Мајами. Од друга страна, Алкараз имаше шокантен пораз во Мајами од Американецот Себастијан Корда (6:3, 5:7, 6:4), додека на Индијан Велс беше запрен од Данил Медведев.

Имаше интересни промени и зад водечкиот двоец. Третиот тенисер на светот остана Александар Зверев со 5,555 поени, а зад него е Новак Ѓоковиќ со 4,710. Феликс Оже Алијасим напредуваше две позиции и неделава е петти на светот со 4,100 поени, зад него е Бен Шелтон, кој исто така се подобри за две места и има 3,900 поени. Алекс де Минор е седми со 3,895 поени, следува Тејлор Фриц со 3,870, Лоренцо Музети падна за четири места и има 3,625 поени, а Данил Медведев се најде на десеттото место со 3,560 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер брзо се врати во топ форма, Алкараз треба да биде загрижен!

Вториот светски тенисер, Јаник Синер, се избори за своето трето полуфинале на мастерс турн…