Дома Фудбал Промашувањето на Јувентус од 50 милиони евра не сака да тренира – клубот ќе го избрка

Промашувањето на Јувентус од 50 милиони евра не сака да тренира – клубот ќе го избрка

Минатата сезона на Даглас Луиз во Италија може да се опише само како голем промашување, делумно и како еден од големите мистерии на фудбалот и трансфер пазарот. Даглас Луиз и понатаму делува како „вишок“ во Јувентус, кој никогаш не ја виде таа верзија на играчот каква што ја прикажуваше во последните сезони во Премиер лигата, во дресот на Астон Вила.

Сега е извесен неговиот раскин со торинскиот тим. Не се појави денес на подготовките на Јувентус, што клубот и официјално го потврди. Бразилскиот среден играч требаше да го изврши редовниот предсезонски тренинг, но без никакво известување не се појави на собирот на тимот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јуве најави дека против него ќе преземе дисциплински мерки, а сè укажува на тоа дека 26-годишниот репрезентативец на Бразил, ова лето ќе го напушти клубот, пренесува Фабрицио Романо. Даглас Луиз пристигна во Јувентус во летото 2024 година за 50 милиони евра плус бонуси, а во спротивната насока кон Астон Вила заминаа Енцо Баренечеа и Самуил Илинг. За Јувентус има одиграно 27 натпревари и 877 одиграни минути.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона избегна голем неуспех против Бриж, Манчестер Сити го растури Дортмунд

Манчестер Сити не остави никакви шанси на Борусија Дортмунд и триумфираше со 4:1 на „Етиха…