
Кога навивачите на Осасуна ќе анализираат по причините зошто нивниот тим веќе девет натпревари не знае за победа, едно име и една слика ќе им останат во сеќавањето – Анте Будимир и неговото неверојатно промашување пред празниот гол.
Во натпреварот против Леганес, кој заврши со резултат 1:1, хрватскиот напаѓач имаше прилика да го реши прашањето за победникот уште во првото полувреме. Доби совршена повратна топка во шеснаесетникот, противничкиот голман веќе беше совладан… Но, Будимир шутираше покрај голот, оставајќи го стадионот во неверување.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Погледнете ја ситуацијата ОВДЕ.
Осасуна сепак поведе во продолжението преку Хернандо, но загубените прилики – а имаше уште неколку, вклучувајќи ги и на Будимир – скапо ги чинеа. Во самата завршница, Леганес изнуди пенал кој го реализираше Дани Раба, носејќи му на домаќинот заслужен бод.
За Будимир, кој оваа сезона беше клучна фигура во нападот на Осасуна, ова не е само “лош ден” – овој пропуст може да ја одбележи целата сезона на тимот од Памплона, кој се бори за опстанок во лигата.
Натпреварот уште еднаш покажа дека во врвниот фудбал нема милост – ако промашиш зицер, често ќе бидеш казнет.