Дома Останати Кошарка Проблеми за Денвер: Јокиќ повторно се повреди!

Проблеми за Денвер: Јокиќ повторно се повреди!

Поради проблеми со повреда, најдобриот кошаркар на планетата, центарот на Денвер Никола Јокиќ, мораше да го пропушти натпреварот против Хјустон.

Пред самиот почеток на натпреварот меѓу Денвер и Хјустон, клубот од Колорадо соопшти дека Јокиќ поради проблеми со лактот нема да биде на располагање на тренерот Мајк Мелоун.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


Никола излезе на загревање со одлично расположение, топло се поздрави со поранешниот соиграч Џеф Грин, упати неколку шутеви и веднаш замина во соблекувалната. Подоцна клубот соопшти дека Србинот поради воспаление на лактот нема да може да игра против Хјустон.

Ова беше јасен знак дека Нагетс нема да поминат добро против одличниот Хјустон. Без својот најдобар играч, Денвер доживеа дебакл пред своите навивачи против второпласираната екипа на Западот.

Сѐ уште не се знае колку долго српскиот ас ќе паузира поради повредата на лактот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал Мадрид по проверен рецепт – ангажира големо засилување од НБА-лигата

Реал Мадрид се мачи оваа сезона во Евролигата и долго време беше „под цртата“ за плеј-оф, …