
Левото крило на Вардар, Махамаду Кеита, ќе отсуствува од терените најмалку два месеци поради операција на рамото што успешно беше извршена во Загреб. Играчот веќе го започна процесот на рехабилитација.
Со оглед на проблемите со рамото, клубот одлучи хируршката интервенција да се направи што побрзо, за и неговото враќање во тимот да биде навремено. Кеита, кој пристигна на почетокот на сезоната, покрај улогата во нападот имаше и значајна задача во одбраната на црвено-црните.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Во моментов, како единствено решение на позицијата лево крило останува Марио Стојановски.