Дома Фудбал Проблем за Ливерпул: Се повреди Џо Гомез

Проблем за Ливерпул: Се повреди Џо Гомез

Ливерпул ќе биде без нивниот сигурен дефанзивец Џо Гомез неколку недели, кој го обнови повредата на бутниот мускул, изјави тренерот на тимот Арне Слот на прес-конференцијата пред утрешното гостување кај Астон Вила. Англискиот 27-годишен репрезентативец кој е во Ливерпул од 2015 година, поради истата повреда не играше на почетокот на ова календарска година.

Пред девет дена се врати на теренот, но ги само почетните 11 минути во шокантниот пораз од второлигашот Плимут Аргајл во ФА купот, пред да почувствува болка повторно и да го напушти теренот.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


“На Џо ќе му биде потребно многу време. Ќе отсустува со недели поради повредата на бутниот мускул. Очекуваме дека би можел да се врати во завршниот дел од сезоната”, рече Слот, кој стравува дека Гомез би можел да заврши на операција, а во таков случај би пропуштил поголем дел од остатокот на сезоната.

“Работеше навистина многу за да се врати. Во првиот натпревар кога се врати, по две или три минути го видовме како започна да спринтира, а сега повторно е надвор од теренот со недели. Тоа е секогаш многу тешко за играчот.”

Слот додаде дека ниту Коди Гакпо, кој ја пропушти неделната победа од 2:1 против Волверхемптон Вандерерс поради повреда, нема да биде на располагање за утрешното соочување во Бирмингем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го отпиша еден од најголемите бразилски таленти

БРАЗИЛЕЦОТ Витор Роке ќе ја напушти Барселона на крајот од сезоната. Овој 19-годишен напаѓ…