Дома Фудбал Проблем за Арсенал и Англија: Повредата на Сака е сериозна!

Проблем за Арсенал и Англија: Повредата на Сака е сериозна!

Англискиот крилен напаѓач Букајо Сака заради повреда нема да настапи на премиерлигашкиот дуел на Арсенал со Ливерпул во недела, исто како и на квалификациските натпревари на Англија за Светското првенство против Андора и Србија следниот месец.

Сака се повреди викендов, на домашен терен, во победата против Лидс Јунајтед, каде што го повреди тетивот. Според проценките, овој крилен напаѓач ќе биде надвор од терените до четири недели, пренесува Би-Би-Си. Англискиот репрезентативец пропушти три и пол месеци од претходната сезона поради операција на десната тетива на коленото.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нема сигурност ниту дали капитенот на Арсенал, Мартин Одегард, ќе настапи на теренот на Енфилд, поради повреда на рамото што ја доживеа во дуелот со Лидс. Одегард со болка во рамето беше заменет во првото полувреме од победата со 5:0, а поранешниот офанзивен играч на Реал Мадрид го напушти стадионот Емирејтс со видлива непријатност во рамето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси веќе го најде наследникот на Мареска!

Изгледа дека Челси наскоро ќе го замени Енцо Мареска. Италијанецот од кога дојде постигна …