Дома Фудбал Пријател на Гвардиола најавува: Ерата завршува, заминуваат пет или шест првотимци!

Пријател на Гвардиола најавува: Ерата завршува, заминуваат пет или шест првотимци!

Невидена криза го тресе Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола го проживува најтешкиот период во кариерата. Од последните 12 натпревари, Сити загуби девет. Актуелниот шампион на Англија, на кој ова му е четврта титула последователно, по 17 кола оваа сезона е само на седмото место во Премиер лигата со 12 бодови помалку од водечкиот Ливерпул.

Сити е далеку од врвот и титулата и се бори за место кое води во Лигата на шампионите, кое сега му бега четири бода. Две кола пред крајот на регуларниот дел од новата ЛШ, Сити е само на 22-то место, само две позиции подалеку од линијата која значи испаѓање.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Поради ваквата ситуација, се очекува Сити да биде многу активен во следните два трансфер периоди, зимскиот, кој почнува за девет дена, и летниот, по завршетокот на сезоната. Тоа го потврди Гильем Балаге, одлично информиран каталонски новинар, инаку и близок пријател и биограф на тренерот на Сити, Хосеп Гвардиола.

“Имам јасна слика што ќе се случи. Сити сака да се ослободи од пет или шест постојани членови на првотимот и да донесе исто толку нови играчи. Значи, половина од првите 11 на Сити ќе се заминат.. Тоа значи крај на една и почеток на друга ера. Кругот е завршен…”, изјави Балаге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Инспекцијата откри, лоша хигиена и глупци на Олд Трафорд

Англискиот гигант Манчестер јунајтед се соочува со нов проблем откако „Дејли Мејл“ објави …