
Фудбалерите на Ливерпул вчера постигнаа победа против Евертон во градското дерби, но сѐ брзо падна во сенка поради зборовите на претседателот на овој клуб, Том Вернер.
Имено, Том Вернер откри колку блиску биле тој и неговите соработници да го спречат трансферот на Александар Исак од Њукасл во Анфилд.
Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони
Секако, сето тоа привлече многу внимание, а наводно и Уго Екитике бил запрепастен по сѐ тоа. „Црвените“ поминаа многу добро во трансфер периодот и Слот практично ги доби сите играчи кои ги посакуваше, а Ливерпул потроши над 400 милиони евра.
Секако, имаше и добри продажби ова лето, така што „книгите“ не се во голем проблем кога станува збор за Ливерпул.
Долго се очекуваше дали Александар Исак ќе го напушти Њукасл и ќе се пресели во Ливерпул, а тоа се случи последниот ден од трансфер периодот во трансфер вреден 150 милиони евра.
Претходно ова лето, „црвените“ испратија понуда од 130 милиони евра, плус дополнителни бонуси, но тоа раководителите на Њукасл го одбија.
После тоа, Ливерпул го ангажираше Екитике од Ајнтрахт Франкфурт за околу 85 милиони евра, а Вернер откри колку би биле задоволни дури и ако Исак на крајот не дојдеше.
Тој во разговор за Њу Оверлап САД откри многу интересни работи.
„Со оглед на ситуацијата со Њукасл, тие мораа да најдат замена за него.
Сметавме дека имаме феноменална понуда за нив, но тој имаше договор со нив кој траеше уште три години.
Нашето чувство беше такво дека го донесовме Екитике да биде напаѓач и почувствувавме дека ако игра добро, тоа ќе биде одлично, но ако не игра добро, ќе има некои опции.
Не знаев ништо повеќе од медиумите, дури помислував дека ќе донесеме дефанзивец последниот ден од трансфер периодот. Мислам дека Исак ќе биде одличен, но тогаш сметавме дека тој не е единствениот напаѓач кој постои во светот”, јасно изјави Вернер.