Дома Фудбал Преставена топката за Мундијалот 2026: Ќе има технологија која ќе им помага на судиите

Преставена топката за Мундијалот 2026: Ќе има технологија која ќе им помага на судиите

„Адидас“ ја претстави официјалната топка која ќе биде користена на Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Новата топка, наречена “Трионда”, веднаш привлече внимание со нејзиниот иновативен дизајн и модерна технологија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Она што ја прави „Трионда“ уникатна е нејзината конструкција од само четири панели, што е најмалку досегашно во историјата на Светските првенства. Овој минималистички пристап придонесува за перфектен аеродинамички облик и точно движење во воздухот, обезбедувајќи стабилност и контрола во играта.

Дизајнот на топката е инспириран од земјите домаќини, при што доминира бела основа со црвени, зелени и сини детали, кои ги претставуваат боите на Канада, Мексико и САД.

Да потсетиме, Светското првенство ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид за малку ќе потпише договор со фудбалерот кој го нападна Винисиус

Реал Мадрид бил многу блиску до потпис со младиот аргентински талент Џанлука Престијани во…