Дома Фудбал Премиерлигаш ниту крив, ниту должен ќе остане без Европа!?

Премиерлигаш ниту крив, ниту должен ќе остане без Европа!?

Фудбалерите на Кристал Палас би можеле да останат без учество во Лига Европа, прво на меѓународната сцена од крајот на минатиот век, бидејќи Европската куќа на фудбалот (УЕФА) има јасно правило дека во текот на една сезона не можат да учествуваат два клуба со иста сопственичка структура.

Палас, со изненадувачка победа над Манчестер Сити во финалето на ФА купот, пред средината на минатиот месец, се квалификуваше за групната фаза на Лига Европа, но исклучителна ситуација настана поради тоа што малцинскиот сопственик на овој клуб истовремено е дел од управувачката структура на Олимпик од Лион.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Станува збор за Џон Текстор кој преку група „Igl holdings“ има мнозински сопственички удели во францускиот тим за кој игра поранешниот репрезентативец на Србија Немања Матиќ.

Клубот од францускиот регион Рона-Алпи заврши сезонава во Лига 1 како шесто пласиран и исто така како Кристал Палас се квалификуваше за групната фаза на Лига Европа.

Правилото е јасно како ден, а во Палас се надеваат дека ќе успеат да ги убедат претставниците на УЕФА дека Текстор има всушност 25% од сопственичките удели во овој клуб и дека неговиот управувачки потенцијал не е толку голем за да може самостојно да носи одлуки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

40-годишниот Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации

Португалија е првиот финалист на четвртото издание на Лигата на нации, откако во полуфинал…